Активности на кандидатите за претседател
Митинзи, дебати, средби со граѓани, прес-конференции. Кандидатите за претседател на државата растрчани во обид да ја презентираат својата програма и да понудат нешто што е поразлично од нивните противници...

Осми ден од изборната кампања. Митинзи, дебати, средби со граѓани, прес-конференции. Кандидатите за претседател на државата растрчани во обид да ја презентираат својата програма и да понудат нешто што е поразлично од нивните противници.
Под слоганот „Македонија повторно горда“ кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Долнени, Македонски Брод и на Кичево. Кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, денеска на средба со граѓаните на Дојран, Богданци, Валандово и на Гевгелија. Претендентката за претседател од Левица, Билјана Ванковска најави средби со граѓани во Куманово.
А градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кандидат од движењето ЗНАМ, денеска е во Скопје. Карванот со активности го продолжува и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Најави за поактивна агенда по празникот Рамазан Бајрам и од кандидатите за претседатели од албанскиот политички блок Бујар Османи и Арбен Таравари.
