Убиени синовите на лидерот на Хамас
Во израелски воздушен напад во Газа загинаа тројцата синови на лидерот на Хамас...

Во израелски воздушен напад во Газа загинаа тројцата синови на лидерот на Хамас. Ханије ја потврди нивната смрт и изјави дека тоа нема да ги промени нивните барања. Вели дека непријателот е во заблуда ако мисли дека таргетирањето на неговите синови во ек на преговори и пред испраќање на одговор, ќе го принуди Хамас да ја промени својата позиција.
„Стоиме на местото каде што загинаа синови на шефот на политичкото биро на движењето на исламскиот отпор, нека знаат сите дека народот на Палестина во Појасот Газа е во иста ситуација. Нема разлика меѓу синовите на водачите и синовите на народот“, изјави Нахед Ханије, брат на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије.
Иран ги продолжи заканите кон Израел. Тел Авив одговара дека ќе возврати исто. Сојузникот САД непоколебливо вети „железна“ заштита на Израел. Од полноќ небото над Техеран затворено за авиосообраќај поради воени вежби.
