Јужна Кореја
Опозицијата победи на парламентарните избори во Јужна Кореја
11.04.2024 08:54
На овие избори е забележана излезност од 67 насто-најголема во последните 32 години...

Јужнокорејската опозициска демократска партија победи на парламентарните избори освојувајќи 175 места, додека владејачката партија на народна моќ на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, освои 90 од 300 места во националното собрание. Вети дека ќе ја „стабилизира јавната егзистенција“
„Победата на изборите е победа на јужнокорејскиот народ. Ќе ја стабилизираме егзистенцијата и ќе се обидеме да помогнеме во надминување на националната криза“, изјави Ли Јае-Мјунг, лидер на демократската партија.
На овие избори е забележана излезност од 67 насто-најголема во последните 32 години.
