САД

Силно невреме во Јужниот залив, еден загинат

11.04.2024 08:59

Поплавените улици во Њу Орлеанс ги отежнаа интервенциите на спасувачките екипи во напорите за извлекување на заробените луѓе..

Силни ветрови и торнада во САД. Едно лице загина во налет на бурата во Мисисипи. Урнати домови, опустошени улици во Луизијана. Над 30 илјади домаќинства останаа без струја.

„Ги советувам возачите да не излегуваат, ќе биде исто како што беше Катрина, на јужната страна од градот. Темно е, нема улични светла. Ако се движите наоколу тоа е на ваша одговорност. Нема да воведеме полициски час, но мора да бидете будно внимателни“, изјави Грег Кромер, градоначалник на Слајдел.

Поплавените улици во Њу Орлеанс ги отежнаа интервенциите на спасувачките екипи во напорите за извлекување на заробените луѓе. Тешките временски услови се протегаа низ поголемиот дел од јужниот залив. Штети се пријавени од Тексас до гребенот на Флорида.