Приватните специјализанти од понеделник најавија генерален штрајк
Приватните специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Тие велат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири...

Приватните специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Тие велат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сè уште не биле исполнети нивните барања.
Поради тоа, како што се посочува во соопштението, испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ – Штип, принудени се да го направат следниот чекор – пристапување кон генерален штрајк од 15 април.
Се најавува тој да трае сè до исполнување на нивните барања.
