Попоски во Букурешт на состанок на Процесот за соработка во ЈИЕ

20.06.2014 10:34

На состанокот разменети мислења за актуелните случувања, но и за улогата на земјите членки на Европската унија од регионот во процесот на проширувањето на Унијата...

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски учествува на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На состанокот разменети мислења за актуелните случувања, но и за улогата на земјите членки на Европската унија од регионот во процесот на проширувањето на Унијата.

Министерот Попоски ги презентира видувањата на Македонија во контекст на унапредувањето на регионалната соработка во рамките на партнерството со кое претседаваше минатата година.