Избори 2024

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на средби со граѓаните во тиквешијата

11.04.2024 12:26

Направивме многу крупни за изминатиот петгодишен мандат, меѓу нив е и влезот во НАТО алијансата. Но имавме и работи кои не ги довршивме, како што е ветингот на судиите и обвинителите, кои дозволија криминалци да се шетаат на слобода, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Направивме многу крупни работи во периодот од мојот петгодишен мандат. Секако најкрупната беше влезот во НАТО алијансата. Малата Македонија со 1,8 милиони луѓе седи на иста маса со суперсилите.

Влезот во НАТО е еднаков на референдумот за независност од 1991 година. А без безбедност не може да има економски развој, порача од митингот во Кавадарци, претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Тој говореше и за работи кои не ги довршиле.

Пендаровски кажа дека ќе биде претседател на сите граѓани, нема да прави поделби, ни по вера, ни по нација, ни по пол, ниту по политичко членство. Во неговите пет години мандат се трудел секому да излезе во пресрет, бил кај илјадници луѓе дома да ги праша какви проблеми имаат. Тоа ќе продолжам да го правам и во следните пет години ако го добијам вашиот мандат, рече Пендаровски.

 

 

Петар Печков