ОМД бара Грција да ги укине дискриминаторските закони
ОМД посочува дека Грција со натамошното негирање на основните права на Македонците, не ги признава ниту критиките упатени од американскиот Стејт департмент...

Обединетата Македонска дијаспора, по повод светскиот ден на бегалците, побара од Грција да го укине законот од 1982 година, со кој им се дозволува враќање на бегалците од Граѓанската војна само под услов да се етнички Грци по род, како и на законот за враќање на одземениот имот од 1985 година, кој исто така ги исклучува бегалците кои не се Грци.
Овие закони за кои Грција е соочена со критики во Советот на Европа, се однесуваат на десетиците илјади бегалци, меѓу кои и Македонските деца бегалци и етнички Грци, кои биле на победената страна во граѓанската војна во Грција во 1949 година.
ОМД посочува дека Грција со натамошното негирање на основните права на Македонците, не ги признава ниту критиките упатени од американскиот Стејт департмент, Обединетите нации и организациите Амнести интернешнл и Хјуман рајтс воч.
