Гордана Силјановска- Давкова одржа митинг во Струмица
Народот во Македонија е несреќен бидејќи само одреден круг на луѓе се богатат што е спротивно на социјалдемократијата. Ова власт чекори во погрешен правец и нема борба против корупцијата. Треба да го вратиме достоинството во државата подвлече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска- Давкова на митингот во Струмица...

Се срамам што живеам во држава каде што народот се смета за несреќен благодарение на актуелната власт. Вака кажа во Струмица претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова. Подвлече дека социјалдемократијата во Македонија се изместила. 70% од граѓаните тврдат дека оваа власт чекори во погрешен правец со неевропски чекори.
„Јас немам проблем од дуели и дебати, но Стево Пендаровски ќе ја добие таа чест, откако ќе ги изгуби изборите на 8-ми мај, но и да дадат сите одговорност за неправдите и злоделата што ги направија“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова имаше свое претставување и во општините Босилово, Василево и Радовиш.
Ване Трајков
