МВР
Претреси во КПД „Идризово“'
11.04.2024 12:28
Припадници на полицијата утрово влегоа во затворот „Идризово“ во Скопје. Се вршат претреси во казнено-поправната установа...

Припадници на полицијата утрово влегоа во затворот „Идризово“ во Скопје. Се вршат претреси во казнено-поправната установа. Во очекување на подетални информации од МВР за спроведената акција, се огласија од Обвинителството.
Оттаму потврдија дека се спроведуваат претреси во рамки на акција, којашто е координирана со скопското обвинителство, поради сомнеж за кривично-правни дејствија, со цел обезбедување доказен материјал.
