Таравари: „Вреди“ нема да биде дел од Владата која нема да го продолжи патот кон ЕУ
Програмата на Арбен Таравари се заснова на четири столба – Македонија интегрирана во регионот и во ЕУ, безбедна и правна држава и консензуална демократија. Таравари ќе бара гаранции од европските челници дека нема да има нови услови за старт на преговорите...

Највисок приоритет на идниот претседател мора да биде интеграцијата во Европската Унија и спроведување на уставните измени за да може земјава да ги почне преговорите, најавува претседателскиот кандидат, Арбен Таравари. Коалицијата „Вреди“ нема да биде дел од Владата која нема да го продолжи патот кон европското семејство, а од европските челници, Таравари ќе бара гаранции дека нема да има нови услови за старт на преговорите.
Таравари очекува, кога Македонија ќе биде дел од европското семејство да нема веќе одлив на кадар, и конечно ќе прават напори младите да се вратат дома.
Програмата на Арбен Таравари се заснова на четири столба – Македонија интегрирана во регионот и во ЕУ, безбедна и правна држава и консензуална демократија.
Борис Грујоски
