Избори 2024

Османи претстави делови од „Зелената агенда“

11.04.2024 13:44

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, вети дека доколку биде избран за прв човек на државата, ќе работи на трансформација на Северна Македонија во зелена држава која ќе се грижи за животната средина.

Додека се соочуваме со предизвиците на 21 век, е неопходно да ја признаеме нераскинливата врска помеѓу нашата околина и националната безбедност. Како кандидат за претседател, се посветувам на „зелената агенда“ која го става на прво место здравјето на нашата планета и доброто на нашиот народ рече претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата Бујар Османи.

Најави формирање на Меѓународен борд кој ќе ги прегледува законите дали имаат негативно влијание врз животната средина.

Османи со повик сите да ја поддржат неговата заложба за заштита на животната средина.

Вели: Таа не е само политичко ветување, туку морален императив. Заедно, да се упатиме кон патување кон поеколошка и посигурна Северна Македонија.

 

 

 

Миле Ристески