Ванковска: И без јака воена одбрана може да се учествува во Европската унија
И без јака воена одбрана може да се учествува во Европската унија. Освен тоа, искуството покажува - вели Ванковска, дека Брисел има двојни аршини кога станува збор за критериумите за членство...

И без јака воена одбрана може да се учествува во Европската унија. Австрија и Ирска се држави кои се воено неутрални, а сепак членки на Унијата, вели професорката Билјана Ванковска. Ако ја добие довербата на претседателските избори, најавува дека ќе го следи примерот на овие земји, но потсетува дека сликата за ЕУ во последните години драстично се менува. Освен тоа, искуството покажува, вели Ванковска, дека Брисел има двојни аршини кога станува збор за критериумите за членство.
Ванковска ќе се залага, не за соживот, туку за, како што вели – вистински живот со нашите сограѓани. Минатото да не се повтори, порачува професорката но додава дека треба да се добијат одговори на прашањата каде се останките на исчезнатите луѓе од конфликтот.
Анита Димитријевска – Велковска
