Приватните специјализанти од понеделник излегуваат на генерален штрајк
Приватни специјализанти за в понеделник најавија генерален штрајк. Причината, како што велат, е што и по одржаниот протест на 27-ми март и средбата со министерот за здравство Демири, сè уште не се исполнети нивните барања.

Приватните специјализанти од понеделник излегуваат на генерален штрајк којшто ќе трае сè додека не им се решат проблемите. Се чувствуваат изневерени од здравствените власти, кои иако им ветија дека нивните барања ќе ги стават на владина седница, тоа не се случи.
Од Министерството за здравство, велат дека имаат позитивен став за барањата на приватните специјализанти и оти на некоја од наредните владини седници ќе се бара чаре. Специјализантите се водат како невработени лица, во тек на 6 години специјализација.
400 приватни специјализанти кои работат за 26.000 денари бараат покачување на месечниот надоместок на 40.000 денари.
Наташа Јанчиќ Менковски
