Момче загина во сообраќајка кај Подмоље

20.06.2014 10:42

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека несреќата се случила во 1 часот и 30 минути по полноќ, кога од засега непознати причини автомобилот со кој управувало момчето, удрил во бетонски столб.

Момче го загуби животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Подмоље.
 
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека несреќата се случила во 1 часот и 30 минути по полноќ, кога од засега непознати причини автомобилот со кој управувало момчето, удрил во бетонски столб.
 
Во момент кога лицето управувајќи патнички моторно возило „Шкода фелиција“ со охридски регистерски таблички удрило во бетонски столб од надвозникот на патот, предизвикана е експлозија и запалување на возилото. Возачот починал на самото место, изјави Димоски, појаснувајќи дека возилото се движело во правец кон Охрид.