Избори 2024

Димитриевски: И покрај тоа што водиме позитивна кампања притисоците се зголемуваат

11.04.2024 14:38

Димитриевски се пожали дека членовите и тој самиот се подложени на притисоци од власта што ја нарушува изборната кампања, но покрај тоа ќе ја продолжи кампањата...

Новиот политички субјект „ЗНАМ за наша Македонија“ добива се повеќе поддршка од граѓаните, оти ние нудиме нешто ново, претседател на сите граѓани што ќе обединува, вели кандидатот за претседател Максим Димитриевски, кој планира да предложи национална стратегија за борба со политичката корупција.

Димитриевски се пожали дека членовите и тој самиот се подложени на притисоци од власта што ја нарушува изборната кампања.

Никогаш досега не се случило во тек на изборна кампања, да се водат судски процеси против кандидат и да биде повикуван на рочиште за време на изборите, вели Димитриевски. Претседателскиот кандидат од „ЗНАМ“, порача дека и покрај ова, ќе ја продолжи кампањата.

 

Ирина Гелевска