Царинска управа: Реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис
Царинската управа како партнер на бизнис заедницата е посветена на подобрување на услугите кон македонските компании. Паралелно се спроведуваат мерки за сузбивање на сивата економија како едно од клучните барања на македонското стопанство.
Царинската управа e една од клучните институции за подобрување на условите за водење бизнис и забрзан економски раст. Преку спроведување реформски политики за унапредување на трговијата и користење врвна ИТ технологија обезбедуваме огромни поедноставувања на увозните, извозните и транзитните постапки што за македонското стопанство значи заштеда на време и средства и конкурентска предност на меѓународниот пазар, истакна директорот на Царинската управа Стефан Богоев при посетата на македонски компании во Неготино.
Царинската управа како партнер на бизнис заедницата е посветена на подобрување на услугите кон македонските компании. Паралелно се спроведуваат мерки за сузбивање на сивата економија како едно од клучните барања на македонското стопанство.
Кажав дека ќе имам нула толеранција за криминалот и корупцијата, а резултатите веќе ги покажуваат саканите ефекти. Притоа, континуираниот дијалог е многу важен бидејќи истиот ни овозможува јасна слика за спроведените мерки. Ова придонесува за унапредување на политиките и поголема ефективност на мерките што ги спроведуваме, вели Богоев.
