Македонија

МВР: Претресите во Идризово поминаа без никакви проблеми

11.04.2024 15:29

МВР даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривично правни дејствија.

Денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ Идризово, МВР даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривично правни дејствија.

Како што соопштуваат од МВР, претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми.