Тешка сообраќајка кај Батајница, загинаа пет момчиња

20.06.2014 10:50

Несреќата се случила рано изутрината околу 4 часот, на патот Белград-Нови Сад, кога автомобилот удрил во ѕид од надвозник во изградба...

Во тешка сообраќајна несреќа во Батајница загинале пет момчиња од Белград.

Несреќата се случила рано изутрината околу 4 часот, на патот Белград-Нови Сад, кога автомобилот удрил во ѕид од надвозник во изградба.

Според полицискиот извештај, патничкото возило со белградски регистарски таблички излетало од патот и удрило во бетонскиот ѕид.

Досега е утврден идентитетот на три момчиња, сите на возраст од 19 години.