По завршување на истрагата, продолжува реконструкцијата на Универзална сала
„Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека по завршувањето на овој процес, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и Универзална сала ќе биде вратена на скопјани“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска...

Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд. Упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот.
„Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека по завршувањето на овој процес, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и Универзална сала ќе биде вратена на скопјани“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и додаде дека она што се случи со Универзална сала, за жал, е една поразителна слика за сите.
Костадиновска-Стојчевска, одговарајќи на новинарско прашање, изрази жалење за настанатата ситуација зашто, како што рече, и како министерка за култура и како Министерство, поминавме двегодишен процес на убедување со Град Скопје за градската управа да ја препознае важноста на објектот, да не биде оставен на забот на времето, да не ги претрпи атмосферските промени што ги претрпе.
„Она што го предвидовме преку Информацијата на Влада е дека финализацијата на реновирањето на објектот е крајот на 2027 година. Меѓутоа, се надевам дека тој процес ќе биде забрзан затоа што Универзална сала, како што кажуваме од самиот почеток, и тоа како е потребна“, рече министерката за култура, која повтори дека по добивањето на сите релевантни наоди може да се продолжи со градење.
