Влада

Битиќи: Формирањето на мешовита комисија за интеркултурализам со Црна Гора ќе ги унапреди односите помеѓу двете држави

11.04.2024 17:53

На средбата се разговараше за формирање заедничка владина комисија за интеркултурализам и општествена кохезија меѓу Северна Македонија и Црна Гора, што се оцени дека ќе претставува дополнително унапредување на одличните политички односи помеѓу двете држави, соопштуваат од Владата.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски се сретнаа со д-р Људмила Мила Поповиќ, в.д. генерален директор на Директорат за интеркултурализам при Министерство за човекови и малцински права на  Црна Гора.

На средбата се разговараше за формирање заедничка владина комисија за интеркултурализам и општествена кохезија меѓу Северна Македонија и Црна Гора,  што се оцени дека ќе претставува дополнително унапредување на одличните политички односи помеѓу двете држави, соопштуваат од Владата.

Вицепремиерот Битиќи оцени дека формирањето на мешовитата комисија за интеркултурализам би била клучна за размена на искуства и значително ќе придонесе за квалитетот и интензивирањето на билатералната соработка меѓу двете држави и ќе ја промовира идејата за единство во различностите и унапредувањето на човековите права, зајакнување на општествената кохезија преку која можат да се надминат специфичните, но и глобалните предизвици.