Воен конфликт
Украина воведува построга мобилизација
11.04.2024 18:17
На фронтот, нов бран жестоки руски напади врз Украина со повеќе од 40 проектили и над 40 дрона. Жртви во Одеса и Харков. Повеќе од 200 илјади луѓе останаа без струја.

Украинскиот парламент го усвои предлог-законот со кој се воведуваат построги одредби за мобилизација. Санкциите за оние што ќе се обидат да избегнат мобилизација отсега ќе бидат построги, а законот ќе ги олесни процедурите за регрутирање со воведување дигитална база на податоци.
На фронтот, нов бран жестоки руски напади врз Украина со повеќе од 40 проектили и над 40 дрона. Жртви во Одеса и Харков. Повеќе од 200 илјади луѓе останаа без струја.
Според украински извештаи, недалеку од Киев, во ракетен напад погодена е една од најголемите термоцентрали.
