Свет

Предупредување за можен напад на Иран врз воени и владини цели во Израел

11.04.2024 18:49

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека Израел е подготвен да одговори доколку биде нападнат.

САД и сојузиците предупредуваат од можен напад на Иран врз воени и владини цели во Израел како одмазда за израелското бомбардирање на иранскиот дипломатски комплекс во Дамаск.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека Израел е подготвен да одговори доколку биде нападнат.

Во израелски напад убиени синови и внуци на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија. Тел Авив продолжува со подготовките за офанзива во Рафах, на фронтот жестоки борби.

Американскиот претседател Бајден предупреди дека идната поддршка на САД за Израел ќе зависи од заштитата на цивилите и хуманитарните работници во Појасот.