Свет

Милијардерка од Виетнам со кинеско потекло осудена на смрт

11.04.2024 19:35

Според властите, 67-годишната инвеститорка предизвикала огромни штети врз банкарскиот систем...

Милијардерка од Виетнам со кинеско потекло, е осудена на смрт во градот Хо Ши Мин поради банкарска измама.

Според властите, 67-годишната инвеститорка предизвикала огромни штети врз банкарскиот систем, а само во една од најголемите виетнамски банки направила измама вредна 44 милијарди долари преку кредити, во период од 11 години.

Обвинителите повикале над 2.700 лица да сведочат на судењето во кое биле вклучени 10 државни обвинители и над 200 адвокати.

Покрај инвеститорката, им се суди на уште 85 лица.