ДИК

Утврден изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на државата и за пратеници

11.04.2024 21:10

Дитмире Шеху, потпретседател на ДИК предложи гласачкото ливче низ цела територија на Република Северна Македонија да биде двојазично, но предлогот не беше прифатен.

Државната изборна комисија попладнево на седница го утврди изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на Република Северна Македонија и за изборите за пратеници.

Членот на ДИК, Борис Кондарко нагласи дека бидејќи гласачкото ливче има и одредени елементи на заштита, тој дел од оваа точка ќе биде затворен за јавноста. Кондарко цитираше членови од Изборниот законик кои ги содржат сите елементи кои ќе бидат

Дитмире Шеху, потпретседател на ДИК предложи гласачкото ливче низ цела територија на Република Северна Македонија да биде двојазично, но предлогот не беше прифатен.

Откако предлогот на Шеху не доби поддршка од членовите на ДИК, таа во процедурално обраќање потенцира дека тоа што го кажа денеска на седница согласно Деловникот и согласно Изборниот законик ќе биде во делот на одлуката како издвоено мислење кое ќе го достави до службите да го стават како составен дел од одлуката за изгледот на гласачкото ливче.

Претходно ДИК на седница ги потврди листите со кандидати за пратеници на Парламентарните избори закажани за 8-ми мај, а утре ќе ја одржи ждрепката за редните броеви на гласачкото ливче за Парламентарните избори.