Продолжува кампањата за претседателските избори
Кандидатите продолжуваат со митинзи, дебати и средби со граѓани...

Деветти ден од изборната кампања за претседателските избори. Кандидатите продолжуваат со митинзи, дебати и средби со граѓани.
Кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Дебар, Гостивар и Тетово. Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска ќе биде на средба со граѓани во Илинден, Петровец, Карпош и во Центар.
Претендентката за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе има средби со граѓани во Македонска Каменица и во Делчево. Претседателскиот кандидатот од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски денеска е во Демир Капија, Неготино, Росоман и во Кавадарци.
Карванот со активности го продолжува и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. И кандидатот на европскиот фронт, Бујар Османи ќе одржи панел-дискусија во Скопје. Кандидатот од здружената албанска опозиција „Вреди“, Арбен Таравари е на средби со граѓани во Старата скопска чаршија и во Тетово.
