Украина бара преговори со ЕУ во јуни
Зеленски од Литванија ги повика европските лидери да почнат преговори за пристапување на Украина во ЕУ во јуни...

По серијата жестоки напади врз украинскиот електроенергетски систем, Украина побара од ОБСЕ да ја суспендира соработката со Русија поради терористичките руски обиди да ги уништи украинските термо и хидроцентрали. Зеленски од Литванија ги повика европските лидери да почнат преговори за пристапување на Украина во ЕУ во јуни.
„Јуни е време кога ќе биде правилно да се почнат преговорите за пристапување на Украина во ЕУ. Овој сигнал е потребен за Путин да не биде во искушение да мисли дека Европа покажува слабост“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Русија, пак, со порака до западните земји-подгответе се за капитулација на Украина. Се правда дека целта на нападот врз енергетскиот систем е да се „демилитаризира“ Украина тврди Путин.
„Во последно време видовме серија напади врз нашата енергетска инфраструктура. Од хуманитарни причини не извршивме никакви удари во текот на зимата но, по серијата удари врз нашата енергетска инфраструктура, моравме да возвратиме“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
И додека Зеленски сите надежи ги полага во мировната конференција во Швајцарија, Путин предупреди дека Москва нема да прифати никакви присилни договори.
