Израел подготвен за одмазднички одговор од Иран
Шефот на американската централна команда Мајкл Курила пристигна во Тел Авив, еден ден откако во напад на Израел беа убиени тројцата синови на лидерот на Хамас и се погласните одмазднички закани од Иран...

Шефот на американската централна команда Мајкл Курила пристигна во Тел Авив, еден ден откако во напад на Израел беа убиени тројцата синови на лидерот на Хамас и се погласните одмазднички закани од Иран.
„Генералот Мајкл Курила заедно со началникот на генералштабот одржа стратешка проценка на безбедносните предизвици во регионот. Нашите стратешки односи со САД се силни и блиски. Напад од иранска територија би бил јасен доказ за иранските намери за ескалирање на Блискиот Исток но, ние ќе знаеме како да дејствуваме онаму каде што е потребно“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.
Мисијата на Техеран во ОН тврди дека доколку имало осуда од Советот за безбедност за нападот, одговорот на иранската дипломатска мисија во Дамаск можел да се избегне. Ерусалим тврди дека Хамас сè уште го одложува и бега од договорот, додека лидерот на Хамас тврди дека договорот е можен и покрај убиството на неговите тројца сина во Газа.
