Северна Кореја
Ким Јонг Ун ги повика војниците да бидат на готовс од можна војна
12.04.2024 08:19
Ја истакнал комплицираната меѓународна ситуација и потребата на Северна Кореја да биде поцврста и подготвена за можна ескалација...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги повика младите војници да бидат на готовс и подготвени за војна при неговата посета на воениот универзитет во земјата. Ја истакнал комплицираната меѓународна ситуација и потребата на Северна Кореја да биде поцврста и подготвена за можна ескалација.
Посетата доаѓа по најновото ракетно тестирање и серијата воени вежби. Неодамна Пјонгјанг ја заостри својата реторика против Сеул и ги намали контактите со Јужна Кореја.
