Поплави во Бугарија, над 10 жртви досега

20.06.2014 11:04

Состојбата во поплавените реони на градот е „кошмарна“ и е предизвикана голема штета...

Најмалку 10 лица загинаа во поплавите што го зафатија црноморскиот град Варна, предизвикани од поројните дождови што деновове врнат во повеќе делови на Бугарија, јави БТА.
 
До овој момент бројот на жртвите е десет. Последната жртва беше откриена во попавен автомобил, кој бил одвлечен од надојдената вода во одводниот канал што води кон морето, изјави претпладнево бугарскиот министер за одбрана Ангел Најденов, кој допатува во Варна.  Најденов нагласи дека состојбата во поплавените реони на градот е „кошмарна“ и дека е предизвикана голема штета.
 
Претходно и раководителот на регионалната полициска управа во Варна, Николај Калчев соопшти дека полицијата досега пронашла тела на 10 удавени лица. Тој нагласи дека не може да го прецизира точниот број на исчезнати, нагласувајќи дека поголемиот дел од Варна е под вода.
 
Бугарската министерка за здравство Тања Андреева инфромираше дека во двете главини болници во Варна досега се хоспитализрани девет лица, кои се здобиле со полесни повреди при налетот на водата.  
 
Бугарските телевизии емитуваа снимки од Варна на кои се гледаат поплавни улици, при што нивото на водата на одредени места достигнува и до еден метар. Во градот се испратени спасувачи екипи, кои им пружаат помош на настраданите.