МВР
Полицијата изврши претрес во КПД „Идризово“
12.04.2024 08:34
Полицијата изврши претрес во казнено-поправната установа „Идризово“. Од затворот информираат дека било пронајдено поголемо количество недозволени предмети...

Полицијата изврши претрес во казнено-поправната установа „Идризово“. Од затворот информираат дека било пронајдено поголемо количество недозволени предмети.
Од МВР и од Обвинителството во кусо соопштение, велат дека полицијата влегла во Идризово поради сомнеж за кривично-правни дејствија, со цел обезбедување докази, и оти претресите се завршени без никакви проблеми.
