Нови Сад
Голем пожар во Нови Сад
12.04.2024 09:18
Околу 4 часот и 30 минути утрово голем пожар избувна во населбата Бангладеш ...

Утрово околу 04:30 часот избувнал голем пожар во населбата Бангладеш во Нови Сад. Во гаснењето на пожарот вклучени биле 13 пожарникари со седум противпожарни возила, како и членови на противпожарни друштва, пренесува националната српска телевизија РТС. Во гаснењето на пожарот биле вклучени и цистерни со вода од неколку јавни комунални претпријатија во Нови Сад.
Според информациите кои ги пренесува Радио-телевизија Војводина (РТВ) повикувајќи се на раководителот на Управата за вонредни состојби во Нови Сад, Стојан Миловац, пожарот веќе е локализиран и се работи на негово целосно изгаснување.
