Колумбија
Богота ја погоди незапаметена суша во последните 40 години
12.04.2024 11:14
Милиони жители на главниот град на Колумбија, Богота, се соочуваат со ограничувања на водата поради незапаметена суша во последните 40 години...

Милиони жители на главниот град на Колумбија, Богота, се соочуваат со ограничувања на водата поради незапаметена суша во последните 40 години.
Градскиот резервоар е на минимум, се заканува да пресуши. Властите го поделија градот на девет зони-на секоја зона наизменично се исклучува водата на 24 часа. Болниците и училиштата се изземени од ограничувањата. Се проценува дека со мерката се погодени над 10 милиони луѓе.
