Стево Пендаровски на митинг во Гевгелија
Со нас европскиот пат е загарантиран, не сме оделе ниту лево, ниту десно бидејќи знаме која ни е стратегиската цел и не треба да се менува. Но, опозицијата тоа го прави, едно зборува, друго мисли, а трето прави ако дојде на власт, рече Пендаровски пред граѓаните од Гевгелија...

Со сите наши маани и грешки кои ги имаме, сепак сме десет пати подобри од ВМРО ДПМНЕ. Со нас европскиот пат е загарантиран, со нив Македонија се враќа назад, бидејќи како партија немаат јасен став. Вака подвлече претседателскиот кандидат од коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски, на митингот во Гевгелија.
Пендаровски се осврна и на придобивките од сите договори. Според него, со истите забетониран е македонскиот идентитет и јазик пред меѓународните институции, а за тоа пример е договорот со “Фронтекс“.
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, имаше свое претставување и пред жителите на Валандово, Богданци и Дојран.
Ване Трајков
