Македонија

Дванаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

12.04.2024 11:47

На денешен ден пред 12 години на велики четврток пред Велигден се случи петкратното убиство кај Смилковското езеро...

На денешен ден пред 12 години на велики четврток пред Велигден се случи петкратното убиство кај Смилковското езеро. Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Фејзи Азири доби 15, а Хаки Азири 9 години затвор.

Единствено обвинетиот Сами Љута беше ослободен поради недостиг на докази. Во 2017-та Врховниот суд ја укина пресудата и процесот го врати на повторно судење, а осудените беа ослободени од притвор. Случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство и судењето почна од почеток во мај 2018 година.

Во меѓувреме СЈО беше укинато, но истите обвинители продолжија да го водат случајот. По изречените казни, петмината осудени поднесоа жалби, но Апелација во септември 2022 ги одби како неосновани и ги потврди првостепените пресуди. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина тие досега не се екстрадирани во Македонија.