Ќе се реконструира првото училиште на македонски јазик
Министерството за култура ќе го реконструира и ќе го заштити училиштето во кичевското село Подвис во кое за прв пат ,во 1943-та година се учело на македонски јазик. За разлика од османлискиот период, кога во нашава држава било дозволена настава на мајчин јазик, балканските буржоаски држави тоа го забранувале...

Сместен на 10 километри од Кичево, во крајно непристапен предел, обраснат со трева и жбунови, до каде ни требаше пешки да стигнеме скоро 1 час, во селото Подвис, се наоѓа еден од највредните објекти за нашата држава. Тоа е училиштето каде за прв пат во нашата историја на 23 септември 1943 -тата започнал слободно да се изучува македонскиот јазик. Денес само руинираните училници сведочат за овој монументален настан.
И покрај тоа што ова училиште трае само 10-тина денови, и потоа окупаторот повторно ја завзема територијата, огромно е неговото значење затоа што после векови, за прв пат тука се слуша македонскиот јазик, што пак ја докажува огромната желба на народот за создавање на сопствена држава и зачувување на идентитетот.
Денес синот на првиот учител Василко Ристески, се сеќава на спомените од татко му.
„Ја учеле азбуката, но измениле 2 букви од сропската азбука која тогаш била. Учениците биле премногу радосни и горди што го учат нашиот македонски јазик“, вели Добривоје Лазарески, син на првиот учител.
Историчарот Душан Ристовски, вели дека до тогаш македонскиот јазик слободно се изучувал единствено под турската окупација.
„Во ова училиште за прв пат во историјата, после 19 век, се слуша нашиот милозвучен македонски јазик. Нашиот македонски јазик бил оспоруван од Балканските буржоазии, особено Српската, Бугарската и другите“, кажува Душан Ристовски, историчар.
Токму поради ова огромно значење Министерството за култура оддели средства за целосна реставрација објектот.
„Со самата реставрација и ставање во функција на овој вреден Споменик на културата же можеме да привлечеме и поголема посетеност на тоа место, со цел да се запознаат сите со огромното културно и историско наследство кое го имаме“, изјави Елизабета Канческа Милеска, министер за култура.
Годинава ќе се изработува проектот, а од 2015 година ќе се започне со реконсрукцијата.
Дарко Штаргоски