Бојмацалиев од Крива Паланка: Реконструирани сите полициски објекти на територија на СВР Куманово
Притоа, тој потенцираше дека на територијата на СВР Куманово сите полициски објекти се реконструирани...

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна посета на Крива Паланка каде што остварија работна средба со раководствата на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка при СВР Куманово, а ќе ја посетат и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Деве Баир“ при Регионален Центар Исток, како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.
„Од страна на раководството на ОВР Крива Паланка бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе три месеци од оваа година a безбедносната состојба ja оценивме поволна на задоволително ниво. Забележителна е ефикасноста од над 70% во реализација на кривично правни настани по приватна тужба и по службена должност за период 2023 година и 2024 година прво тримесечје“, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите.
Притоа, тој потенцираше дека на територијата на СВР Куманово сите полициски објекти се реконструирани.
Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека и во Крива Паланка оперативниот штаб на МВР за спроведување на изборниот процес функционира редовно, подготвени за гарантирање на безбедноста во насока на фер, слободни и демократски избори.
