Избори 2024

Гордана Силјановска – Давкова одржа митинг во Кичево

12.04.2024 14:17

Како иден претседател, ќе критикувам и ќе барам двете глави да не одат во дуел, туку во дует за интересите на земјата пред меѓународните институции, рече кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на митингот во Кичево...

Како иден претседател, ќе критикувам и ќе барам двете глави да не одат во дуел, туку во дует за интересите на земјата пред меѓународните институции. Немојте да се изненадите, рече кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска - Давкова, доколку ме видите на протести меѓу граѓаните, зашто претседателите не се монаси некаде во планина.

Таа посочи дека „Фридом Хаус“ детектирал дека сме циклично хибриден режим во кој сè се врти во круг и тоа пред сè во однос на високата корупција. И тие од врвот на оваа корупција не уверуваат ќе реформирале. Тие можат да бидат само клиенти, а ние ќе сме реформаторите, додаде Силјановска - Давкова.

Од Кичево порача дека доколку ја добие довербата ќе се залага законите да важат подеднакво за сите, а граѓаните да бидат заштитени во секоја сфера.

 

Фиљана Кока