Таравари одржа средба со Здружението на академици Албанци за наука и уметност
Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата „ВРЕДИ“, Арбен Таравари одржа средба со Здружението на академици Албанци за наука и уметност.

Кандидатот за претседател од здружената албанска опозиција „ВРЕДИ“ Арбен Таравари, вели дека како иден претседател ќе се залага Здружение на академици Албанци за наука и уметност во Тетово, да се институционализира, да стане академија или да биде дел од МАНУ.
Сето тоа како што посочи ќе придонесе да имаме развој на науката во земјава. Јас се надевам дека ова Здружение како здружена албанска опозиција ќе најдеме начин да го ставиме во рамките на системот.
Со тоа нема да имаме паралелизам или поделба, туку напротив повеќе наука и уметност во државата.
„Академиите се богатство, таму не се прави политика туку има проекти кои се за науката, а нас ни треба повеќе наука“, рече Таравари.
Здружение на академици Албанци за наука и уметност е основано и регистрирано пред две години. Таравари се надева дека истото што поскоро ќе биде дел од јавните установи.
Зоран Димовски
