Остатоците од малезискиот Боинг ќе се бараат на нова локација

20.06.2014 11:51

Новата локација со површина од околу 60.000 километри квадратни е избрана откако сателитите регистрирале сигнали...

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот најави дека следната фаза од подводната потрага по исчезнатиот малезиски авион ќе биде пренасочена неколку стотици километри јужно од подрачјето на кое првично се претпоставуваше дека се наоѓаат остатоците на леталото во Индискиот Океан.

Новата локација со површина од околу 60.000 километри квадратни е избрана откако сателитите регистрирале сигнали слични на оние што ги емитуваат црните кутии на авионите.  

Малезискиот Боинг исчезна на 8 март за време на лет од Куала Лумпур до Пекинг. Пред да исчезне од радарите, авионот го сменил правецот и се упатил кон Индискиот Океан каде што веќе му се изгубила секоја трага.