Избори 2024

Османи ја презентираше изборната програма пред студенти од повеќе универзитети

12.04.2024 14:24

Претставувајќи ја програмата пред студенти од повеќе универзитети, Османи порача дека ќе работи на унапредување на дијалогот со САД, кои како стратешки партнер досега инвестирале милијарда долари за развој на државата...

Лидерска средба ден по стапување на функцијата која ќе трае сè додека не се постигне консензус за европската интеграција – најави кандидатот на ДУИ за претседател Бујар Османи. Тој вели дека ова прашање ќе му приоритетно ако ја добие довербата. Претставувајќи ја програмата пред студенти од повеќе универзитети, Османи порача дека ќе работи на унапредување на дијалогот со САД, кои како стратешки партнер досега инвестирале милијарда долари за развој на државата.

Патување во САД без визи најави Османи до крајот на мандатот. Појасни дека процесот е почнат, а тенденцијата е да се намали стапката на одбиени визи која сега се движи меѓу 20 и 30 насто. За да падне визниот режим овој процент треба да биде под 3.

 

Анита Димитријевска – Велковска