УКИМ ја отвори вратата за средношколците
Отворен ден УКИМ. Се презентираат студиската програма и можностите за студирање. Бизнис-заедницата нуди можност за практична работа и за проширување на тимот со млад кадар...

Идните студенти го преплавија УКИМ. На отворениот ден голем интерес за студирање на најстариот државен универзитет. Матурантите се запознаа со наставните програми. Дел веќе се решија за идната професија, други се двоумат.
Учете за знаење, а не за оценки, тоа што ќе го одберете денес ќе го трасира вашиот пат утре, порака до идните студенти од ректорката Ангелова.
Деканот на Економскиот факултет очекува слободните места да се пополнат уште во првиот уписен рок, поради како што вели, атрактивните студиски програми. Триесет компании на отворениот ден во трка да мобилизираат потенцијални кадри.
За евроамбасадор Гир ваквите настани се можност да се спојат бизнисот и младите, за тие да останат дома.
И оваа академска година УКИМ ќе прими над 10.000 студенти.
Викторија Милевска
