Избори 2024

Јакимовски: Пензионерите се во катастрофална состојба

12.04.2024 14:22

Статистиката покажува дека 17 проценти од пензионерите примаат пензија помала од 13 илјади денари, а дури 47 проценти од нив земаат пензија помала од 16 илјади денари, вели Јаикимовски...

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски од коалицијата Храбро за Македонија на средба со пензионерите во Скопје. Според него, пензионерите се во катастрофална состојба, статистиката покажувала дека 17 проценти од пензионерите примаат пензија помала од 13 илјади денари, а дури 47 проценти од нив земаат пензија помала од 16 илјади денари. Предлага ниту еден пензионер да не се симне под нивото од 25 илјади денари.

Тоа значи ако едно семејство има 18 илјади денари пензија, разликата до 25 илјади денари да ја добива од системот за социјалната заштита.

Јакимовски смета, со овие мерки драстично да се подобри животот на пензионерите, и да се овозможи секое пензионерско семејство нормално да функционира.

Највисоките пензии во земјава од 45 илјади до 60 илјади денари им се исплаќаат само на 1.560 пензионери, а до пред неколку години високи пензии примале над 3.000 лица на кои им завршил работниот век.

 

 

Игор Панов