Универзалната сала ќе биде реконструирана и вратена на скопјани
Универзална сала ќе биде изградена во предвидениот рок, ветува министерката за култура. Изведувачот тврди дека во големиот пожар изгорел градежен материјал што всушност требало да се отстрани.

Во „Универзална сала“ изгоре материјал што требаше да биде дислоциран. Секоја штета што е направена на терен ќе ја сносат нашите компании, изјави изведувачот на градежните работи. Професори од градежен факултет ќе кажат што треба да се санира.
Во „Универзална сала“ се работело во две фази, пожарот се случил кога требало да се работи во втората фаза.
Од Министерството за култура уверуваат дека Универзалната сала ќе биде реконструирана и вратена на скопјани во предвидениот рок.
Во декември минатата година Министерството за култура ја презеде Универзалната сала од Град Скопје.
Ана Јосифовска-Тодоровска
