Здравство

Приватните специјализанти се подготвуваат за генерален штрајк

12.04.2024 14:58

На Детска клиника недостасуваат медицински сестри, а од понеделник ќе остане и без 20 специјализанти. Директорката Чолакова уверува дека генералниот штрајк на приватните специјализанти нема да се одрази врз работата на здравствената установа...

На Детска клиника недостасуваат медицински сестри, а од понеделник ќе остане и без 20 специјализанти. Сепак, директорката Чолакова уверува дека генералниот штрајк на приватните специјализанти нема да се одрази врз работата на здравствената установа.

„Во моментов ние имаме доволно лекари, имаме голема група млади лекари кои се на специјализација, кон крајот на минатата година имаме примено 14 сестри пред да започне изборниот процес и кога ќе заврши процесот, повторно ќе започнеме со процес на барања на средномедицински персонал и административен кадар“, изјави д-р Валентина Цвејоска Чолакова, директор на Клиниката за детски болести.

Приватните специјализанти се подготвуваат за генерален штрајк. Од понеделник нема да прегледуваат и лекуваат пациенти, а нема ниту да дежураат. На овој радикален чекор се одлучиле бидејќи, како што велат, работат за плата од 26 илјади денари, без здравствено осигурување.

 

Андријана Ѓурческа