Корејски Полуостров

Заеднички поморски вежби на САД, Јапонија и Јужна Кореја

12.04.2024 19:21

Јужна Кореја, Јапонија и САД одржуваат заеднички поморски вежби...

Јужна Кореја, Јапонија и САД одржуваат заеднички поморски вежби. Целта е да се обезбеди подготвеност против нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја, соопшти јужнокорејската морнарица.

Пјонгјанг го засилува развојот на оружје, тестирајќи хиперсонични ракети, а лидерот Ким Џонг Ун вчера им порача на војниците да бидат поподготвени за војна поради нестабилната геополитичка ситуација.