Мали
Воената хунта во Мали забрани медиумско известување за политички активности
12.04.2024 17:41
Владејачката хунта во Мали им забрани на медиумите да известуваат за активностите на политичките партии и здруженија, еден ден откако ги забрани сите политички активности во земјата...
Владејачката хунта во Мали им забрани на медиумите да известуваат за активностите на политичките партии и здруженија, еден ден откако ги забрани сите политички активности во земјата.
Чадор-организациите одбиваат да ја почитуваат наредбата и ги повика медиумските работници да се мобилизираат.
Мали доживеа два удара од 2020 година, што доведе до бран на нестабилност во Западна и Централна Африка, со терористичките акции поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.
