Димитриевски на средби со граѓани во Неготино, Росоман и во Кавадарци
Кандидатот за претседател на државата од движењето ЗНАМ-За подобра Македонија, Максим Димитриевски на средби со граѓани во Неготино, Росоман и во Кавадарци. Порача дека ќе биде претседател на сите граѓани и оти нема да прави никакви поделби…

Од Тиквешијата, кандидатот за претседател на движењето За наша Македонија, Максим Димитриевски, рече дека граѓаните бараат нови алтернативи, црно-белиот свет треба да добие и поинакви бои. Повтори дека како претседател, никогаш нема да потпише закон или акт којшто е спротивен на волјата на граѓаните и истиот секогаш ќе добива вето и ќе биде враќан на повторно разгледување.
Димитриевски вели, со него Македонија ќе добие претседател од граѓаните којшто нема да биде во функција на политичките субјекти, туку првенствено ќе ги штити граѓанските интереси.
Тој смета дека земјава мора да продолжи да се развива како средена држава без корупција и криминал, доколку сака да стане дел од Европската унија. Вели – проблемите се исти низ цела Македонија, а во мојата програма има голем број на решенија, кои нема да останат само на хартија.
Наташа Јанчиќ-Менковски
