Ванковска се претстави пред жителите од истокот
Кандидатката за претседателка на државата, Билјана Ванковска во Македонска Каменица со пазарџии. Таа рече дека егзодусот, особено на млади луѓе од овој крај е многу голем. Повтори дека нема да инвестира пари во воени цели, туку за подобар живот на граѓаните …

Денеска имаме пазарен ден и малку повеќе луѓе, продолжуваме со разговор „очи в очи“ со граѓаните, од кои за жал ја слушам онаа приказна, колку граѓани утрово се качиле во автобуси и заминале од градот. Значи, постојано во овој дел од Македонија, но и во останатите се соочуваме со иселување на она што е најдоброто и она што е најсакано, младите, истакна кандидатот за претседател од партијата Левица, Билјана Ванковска пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево.
Ќе имаат баш таков кандидат, независен, кој ќе се грижи за македонските интереси, а не за туѓи интереси. Имаме решенија и визија, нема да инвестираме пари во воени цели, туку во социјални и развојни цели за Македонија, рече Ванковска.
Александра Спировска
