Избори 2024

Таравари на средба со граѓани во Старата скопска чаршија

12.04.2024 18:49

Таравари смета дека старата чаршија по урнек на другите треба да е културен центар, па вели мора да се инвестира во неа. Задоволен е од досегашниот тек на кампањата, иако вели, има притисоци во администрацијата.

Претседателскиот кандидат на коалицијата „ВРЕДИ“ Арбен Таравари на средба со граѓаните во Старата скопска чаршија разговараше со младите и со сопствениците на мали бизниси. Вели мора во чаршијата да се инвестира, а не да е на маргините.

Таравари смета дека старата чаршија по урнек на другите треба да е културен центар, па вели мора да се инвестира во неа. Задоволен е од досегашниот тек на кампањата, иако вели, има притисоци во администрацијата.

Според претседателскиот кандидат Таравари тоа што се случуваше во 2016-та во македонскиот блок сега се случува во албанскиот. Луѓето, вели Таравари, бараат промени и се полни со еуфорија и ентузијазам.

Таравари на безмалку половина од претседателската трка вели-не сум уморен, граѓаните ми даваат енергија.

Миле Ристески